Дома Фудбал Италија Дали Наполи ги провоцираше Интер и Аталанта?

Дали Наполи ги провоцираше Интер и Аталанта?

Во дербито на 22. коло во Серија А, Аталанта и Интер вчера ремизираа 0:0.

После мечот на друштвените мрежи се појави честитка од Наполи до вчерашните ривали.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Им честитаме на Аталанта и Интер на возбудливиот и напнат натпревар“, стои на официјалниот профил на Наполи.

Ова предизвика многу коментари, некои сметаа дека тимот од југот на Италија ги „провоцира“ Аталанта и Интер со оглед на тоа дека вчерашното реми оди во прилог на Наполи. Од друга страна дел сметаа дека станува збор за искрена честитка.

Аталанта е третопласирана со бод помалку од Наполи и сега од лидерот Интер заостанува седум бодови. Наполи својот натпревар го игра вечерва против Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Случајност или „проклетство“? Сака на 16-ти април не треба да шутира пенали!

За среќа, Арсенал против Реал Мадрид имаше доволна предност од првиот меч во четвртфиналет…