Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн поради повреда не можеше да им помогне на своите согирачи во полуфиналето од Лигата на Шампионите против Ајакс, но се очекува да заигра во борбата за трофејот.
„Се надевам дека ќе играм во финалето од Лигата на Шампионите. Оваа недела ќе започнам да трчам, закрепнувањето оди добро и доколку се оди по планот верувам дека ќе бидам подготвен за натпреварот против Ливерпул“, изјави Кејн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој се повреди во четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити кое беше одиграно 9. април. Два англиски тима ќе се сретнат во финалето од Лигата на Шампионите на 1. јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.