После уште една рана елиминација на Јувентус во Лигата на шампиони се чини дека Кристиано Роналдо ќе ги пакува куферите.
Јувентус долго време не бил во вакви проблеми. Во Серија А се далеку од врвот и заостануваат 10 бода зад Интер, а беа елиминирани во осминафиналето во Лигата на шампиони,
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
На лето во клубот сигурно ќе има промени, а медиумите пренесуваат дека сигурно ќе си замина Кристиано Роналдо.
Роналдо е многу критикувам бидејќи добива голема плата, а не му помогна на Јувентус да направи исчекор во Европа.
Спортскиот директор Паратичи беше запрашан за иднината на Роналдо, а тој даде интересн одговор.
„Иднината на Роналдо во Јувентус? Има уште една година договор. Можам да кажам дека тој не ни е приоритет. Иднината на Роналдо не е главна тема во Јувентус, има време да разговараме за тоа“, изјави Паратичи.