Фудбалската јавност веќе со денови пишува дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона ова лето.
Меси пред неколку дена достави допис до клупското раководство и официјално побара заминување од клубот со што ги шокираше навивачите. Аргентинецот е незадоволен од работата на управата и одлучил дека е најдобро да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Барселона и понатаму не можат да веруваат дека Меси сака да ја напушти Барселона и сите начини се обидуваат да дадат до знаење дека Бартомеу е тој кој треба да си замине.
Но, Бартомеу и понатаму одбива да си поднесе оставка и изгледа дека заминувањето на Меси е прашање на време. Исто така, доколку навистина ја напушти Барса како фаворит се истакнува Манчестер Сити.
Токму Гвардиола се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност бидејќи вчера допатува во Барселона. Тој беше на вечера со своето семејство во еден ресторан во Барселона и тоа беше причина за лавина шпекулации.
Многу медиуми објавија и дека Гвардиола дошол да разговара со Меси и да го убеди дека треба да дојде во Манчестер Сити.