Дома Трансфер зона Даглас Коста е на слатки маки: Пристигнаа три понуди од големи клубови

Даглас Коста е на слатки маки: Пристигнаа три понуди од големи клубови

Крилниот фудбалер на Јувентус, Даглас Коста ова лето ќе биде цел на многу клубови.

Коста во моментов се опоравува од повредата, еден од многуте поради што и оваа сезона помалку го гледавме на теренот, но без оглед на тоа, тој ќе има многу понуди за продолжување на неговата кариера.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Добро е познато какви фудбалски квалитети поседува овој Бразилец, па нема да ве чуди кога ќе прочитате дека за неговите услуги се заинтересирани големи клубови како Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Манчестер Сити. Споменатите клубови ова лето ќе направат се што е во нивна можност за да дојдат до неговиот потпис.

Инаку, тој има договор со Јувентус до 2022. година, но со оглед на тоа што не игра многу, дури и кога е целосно подготвен, веројатно ќе одлучи да си замине. Пред Јувентус, Коста играше за Баерн Минхен и Шахтјор. Во текот на оваа сезона запиша 24 натпревари на кои постигна еден гол и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…