Давид Луиз веројатно ќе биде веста на денот во последениот ден од преодниот рок во Англија!
Скоро сите островски медиуми тврдат – Давид Луиз се сели во Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лондонските ривали наводно се договориле околу оштетата за 32 годишниот Бразилец. Арсенал на Челзи ќе му плати сума од околу осум милиони фунти. Таа сума е многу помала од онаа која Челзи ја плати за Луиз на ПСЖ (34 милиони фунти).
Давид Луиз ќе добие договор на две години, а интересно е што ова ќе му биде трет пат во кариерата да менува клуб во последниот ден од преодниот рок.
Покрај Луиз на „Емирати“ денес се очекува да пристигна и левиот бек на Селтик Киран Тирни кој ќе стане најскапиот играч во историјата на шкотскиот фудбал. Преговорите беа во тек уште од средината на јули, а на крајот двата клуба постигнале договор за сума од 27 милиони евра.