Дома Фудбал Останато „Да не го ставите Бензема во тимот на годината е непочитување на фудбалот“

„Да не го ставите Бензема во тимот на годината е непочитување на фудбалот“

Роберт Левандовски е избран од страна на ФИФА за најдобар играч во светот за 2021 година.

Откако не стигна до Златната топка многумина сметаат дека на овој начин правдата е некако задоволена. За Левандовски ова е втора награда „The Best“ во низа, а победи пред Лионел Меси.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Коментари од јавноста привлече изборот на најдобрите 11: Донарума, Алаба, Рубен Диас, Жоргињо, Канте, Де Брујн, Роналдо, Халанд, Левандовски и Меси.

Интересно е што во идеалниот тим се најде Донарума додека за најдобар голман беше избран Едуард Менди од Челзи. Реакција на социјалните мрежи имаше и менаџерот на Бензема, Карим Џазири.

„Да не го ставите Бензема меѓу најдобрите 11 во годината е непочитување на фудбалот, но сите знаеме дека за ФИФА во последно време фудбалот е најмала грижа“, порача Џазири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер истиот ден одби 17 милиони евра за Чалханоглу, а потоа претстави големо засилување

Во Интер денеска беше многу активно. Клубот од Милано одби понуда за Чалханоглу, а истовре…