Дома Фудбал Италија „Да, можно е Италија – Македонија да се игра пред полни трибини“

„Да, можно е Италија – Македонија да се игра пред полни трибини“

Се погласни се најавите дека натпреварот помеѓу Италија и Македонија на „Ренцо Барбера“ на 24. март ќе се игра пред полн стадион, сега во таква насока е и изјавата од министерството за здтавство на Италија.

Андреа Коста, потсекретарот во министерството за здравство посочил дека постои можност Италија и Македонија да играат пред полн капацитет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Дали е можно Италија и Македонија да играат пред полни трибини? Да, таа опција се разгледува. Сите знаеме колку е важен тој натпревар и фудбалерите треба да ја почувствуваат поддршката од навивачите. Знаеме колку фудбалот беше погоден од пандемијата и затоа полните трибини се нешто неопходно. Во март капацитетот се враќа на 75%, а наскоро потоа и на 100“, најави Коста.

Ако на натпреварот Италија – Македонија биде дозволен 100% капацитет, тоа ќе биде прв натпревар после две години со полни трибини во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување: Хрватот Нико Ковач седнува на клупата на второлигаш?!

Како што стојат работите, Хрватот Нико Ковач е пред изненадувачки ангажман и би можел да с…