Германскиот репрезентативец, Илкај Гундоган, денеска и официјално беше промовиран како нов фудбалер на Барселона.
Гундоган доаѓа на „Камп Ноу“ како слободен фудбалер од Манчестер Сити, а откри дека Левандовски и Тер Штеген играле улога во при трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Чест ми е што дојдов во Барса, овој клуб е специјален и е вистинскиот за мене во овој момент. По првиот разговор со Чави веднаш посакав да дојдам овде. Сакам да продолжам да победувам и со овој тим како што тоа го правев со Манчестер Сити“, истакна Германецот.
„Тер Штеген ми е репрезентативен колега и со кого разговарав за Барселона. Потоа му се јавив и на Левандовски, кој ми раскажа се за клубот, за градот и што всушност значи да се игра за Барса. Можам да кажам дека тој е горд што е дел од овој клуб и неговиот став многу ми помогна да ја донесам вистинската одлука“, додаде Гундоган.