Дома Фудбал Грчки медиуми: Навивач на АЕК загина по судир со навивачи на Динамо

Грчки медиуми: Навивач на АЕК загина по судир со навивачи на Динамо

Навивач на АЕК (22) загинал по судир со навивачите на Динамо Загреб во Атина, јавуваат грчките медиуми Газета и Спорт24.

Да потсетиме, и покрај забраната за присуство на гостински навивачи на натпреварите од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу актуелниот хрватски шампион Динамо и грчкиот АЕК, дел од навивачите на загрепскиот клуб отпатуваа за Атина, каде Првиот натпревар се игра денеска од 20:45 часот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Газета пишува дека навивачот починал откако бил прободен со остар предмет.

Грчките медиуми јавуваат дека брзата помош го префрлила младиот човек во болница, каде лекарите се бореле да му го спасат животот.

Тој беше придружуван од неколку повредени навивачи, додека шестмина од нив беа „во очај, се држеа за лицата и постојано разговараа на телефон“, чекајќи да видат што ќе се случи со членот на нивната група, наведува Газета.

Меѓу повредените има и Грци и Хрвати, истакнува Газета, наведувајќи дека повеќе од 150 хрватски навивачи дошле во Атина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноер донесе голема одлука и ја потврди по последниот натпревар на Баерн

Сега е официјално! Мануел Нојер (39) нема да се врати во репрезентацијата на Германија и н…