Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави скратениот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Шпанија во рамки на квалификациите за Европското првенство.
Сениорките прво ќе оддиграат натпревар на домашен терен во СЦ Борис Трајковски на 29.02 во 18:00 часот , а потоа ќе гостуваат во Шпанија во градот Ланзароте. Натпреварот ќе се оддигра на 03.03 во 17:00 часот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Досега во квалификациите нашата сениорска женска репрезентација запиша две победи во исто толку натпревари. Во првото квалификациско коло сениорките запишаа убедлива победа на домашен терен против репрезентацијата на Азербејџан, а во следното коло запишаа и гостинска победа против репрезентацијата на Литванија.
Европското првенство во 2024 ќе се оддржи во Австрија , Унгарија и Швајцарија во период од 28 ноември до 15 декември.