Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд ќе остане на слобода до средината на јуни со кауција после обвинувањата за сил*вање на млада жена, пренесува „Би-Би-Си“.
„Судот поднесе барање со кауција слободата да му се продолжи после 30. април, а не се очекува рочиштето да биде пред средината на јуни“, соопштија од полицијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
20-годишниот Гринвуд во јануари беше уапсен откако една девојка објави слики и видеозаписи со кои тврдеше дека ја сил*вал. Од полицијата е соопштено и дека продолжуваат со истрагата.
„Продолжуваме да ја истражуваме пријавата која ја добивме на 30. јануари, за сликите и снимките кои на друштвените мрежи ги постави девојката“, изјави портапролот на полицијата.
Гринвуд првично беше уапсен, но потоа ослободен со кауција. Манчестер Јунајтед го суспендираше веднаш откако скандалот излезе во јавноста.