Дома Топ вести Гризман ќе игра само во второто полувреме поради откупната клаузула

Гризман ќе игра само во второто полувреме поради откупната клаузула

Атлетико нема да ја менува стратегијата во спорот со Барселона за Антоан Гризман.

Французинот моментално е на позајмица во Атлетико Мадрид, но не добива голема минутажа бидејќи „јорганџиите“ намерно не го користат за да не мора да ја платат задолжителната откупна клаузула на крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во договорот за позајмица на Гризман има клаузула според која „јорганџиите“ ќе треба да платат 40 милиони евра за напаѓачот доколку одигра најмалку 45 минути во 50% од натпреварите во текот на сезоната.

31-годишниот Французин беше на клупата на секој од првите четири натпревари на Атлетико досега, влегувајќи во второто полувреме и не забележа повеќе од 30 минути игра.

Најавите се дека Атлетико ќе продолжи со стратегијата да го внесува во игра Гризман во вториот дел додека Каталонците не се согласат на намалување на откупот на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Најдобрата замена во историјата на Премиер лигата“ – тој е тактички гениј!

Практично сите 59 минути, Астон Вила беше притисната на Стамфорд Бриџ. Челси водеше со 1:0…