Трансферот на Антоан Гризман од Атлетико во Барселона беше еден од најзвучните во летниот преоден рок.
Французинот со години се сметаше за еден од најдобрите фудбалери на Атлетико, но стана „омразен“ кај навивачите, откако се пресели на „Камп Ноу“ за сума од 120 милиони долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првите месеци за Гризман не поминаа така како што очекуваше, но не жали за неговата одлука да дојде во Барселона, која ја објасни во интервјуто за УЕФА ТВ.
„Јас не дојдов заради ЛШ или да освојам уште повеќе трофеи. Заминав затоа што сакав да искусам нов стил на игра, нова филозофија, нов стил на игра во друг тим“, рече Гризман.
Гризман оваа сезона постигна пет гола на 14 лигашки натпревари и асистираше четири пати.