Познато е дека фудбалерите сакаат да ја играат познатата игра „Football Manager“, чие најново издание излезе пред нешто повеќе од еден месец.
Еден од фановите на „ФМ 24“ е голгетерот на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец Антоан Гризман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој за „ESPN“ откри дека моментално го води Блекбурн како виртуелен менаџер и дека му оди многу добро. Гризман во овој момент бил тренер на Блекбурн со кој успеал да дојде до Премиер лигата и тие моментално се шести на табелата.
Напаѓачот се пофали дека раководството на англискиот клуб е задоволно од неговата работа и му нуди нов договор. Фудбалерот кој го довел пред новата сезона бил младиот шкотски десен бек на Ливерпул, Келвин Ремзи, кој моментално е на позајмица во Престон.
Сигурно дека во Блекбурн не би имале ништо против Гризман да ги засили во реалноста, но наместо менаџерска позиција би значел многу повеќе на теренот.
🚨 Antoine Griezmann gives us an update on his Football Manager save! 😂😍
— Out of Context Football Manager (@nocontextfm1) December 14, 2023
pic.twitter.com/WH7kECaaai