Во последно време се погласни се шпекулациите за трансферот на Антоан Гризман во Манчестер Јунајтед, а денес медиумите открија дека Французинот поставил еден услов за реализација на трансферот.
Медиумите тврдат дека трансферот е веќе договорен и дека „црвените ѓаволи“ ќе ја платат откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Атлетико Мадрид не се прашува ништо за трансферот, но наводно Гризман сега поставил еден услов.
Имено, Гризман има цел да игра во Лигата на шампиони следната сезона и затоа Јунајтед ќе мора сезната да ја заврши помеѓу првите четири екипи во домашното првенство, ако сака да ги добие услугите на фантастичниот напаѓач.
Во моментов, Манчестер јунајтед е надвор од топ четири, но има само еден бод негатива зад Ливерпул и два зад Арсенал. Мурињо исто така ја има и опцијата преку триумф во Лига Европа да обезбеди настап во Лигата на Шампионите.