Фудбалскиот клуб Брајтон е сериозно заинтересиран да го врати Греам Потер на својата клупа, тврдат медиумите на Островот.
Брајтон и Де Зерби решија да се разделат по две сезони, клубот бара решение, а тоа би можел да биде Потер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англичанецот славата ја стекна токму во Брајтон, каде дојде од Свонси во пролетта 2019 година. Потер остана на клупата до септември 2022 година, но потоа не можеше да ја одбие понудата на Челзи да го замени Томас Тухел.
Сепак, тој не се прослави на „Стемфорд Бриџ“ и доби отказ по осум месеци и од тој април 2023 година е без работа.
Беше поврзуван со неколку клубови, се споменуваше и Кристал Палас, но до конкретни преговори не дојде. Исто така, тој беше сериозна опција за Ајакс, но на крајот управата на холандскиот гигант се одлучи за Франческо Фариоли од Ница.