Раководството на Манчестер Сити има комплетен договор со Алексис Санчез и се сигурно дека ќе ги донесат Чилеанецот на „Емирати“, тврдат англиските медиуми.
Санчез е особено заинтригриран од идејата повторно да соработува со Пеп Гвардиола, а „граѓаните“ се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Имено, другиот фаворит за неговиот потпис, Баерн Минхен се откажал од трката поради големите финансиски барања на играчот кој бара 250.000 фунти неделно.
Идејата на Манчестер Сити е да чекаат до крајот на преодниот рок кога ќе можат да го „притиснат“ Арсенал да ја прифати нивната понуда.
„Топџиите“ не сакаат да го продадат Чиленаецот на директен ривал, но ризикот е преголем бидејќи за неполна година Санчез ќе биде слободен агент.