Репрезентативецот на Швајцарија е навредн поради коментарите и се чуствува предаден, во сојузот се обидуваат да ја смират „топката“…
Џердан Шаќири и Гранит Џака со прославата на погодоците против Србија на Мундијалот го прекршија договорот кој го иницираше нивниот соиграч Бехрами…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После елиминацијата на Швајцарија, генералниот секретар на швајцарскиот сојуз изјави дека треба да се води сметка за играчите до две државјнства кои играат за репрезентацијата.
Таа негова изјава подигна вистинска бура…
„Алекс ги разочара сите, не само нашите фудбалери, сите сме Швајцарци кои се бориме за Швајцарија. Повеќе од половина државјани на оваа земја имаат две државјанства. Брис Емболо е од Камерун, Аканџи е Нигериец, Родригез има шпанска и чиленска крв. И нашиот селектор има двојно државјанство“, изјави Џака.
Сојзуот со соопштение се обиде да ги смири тензиите и да ги заштите фудбалерите, се потенцираше и дека функционерот не е добро сфатен во медиумите.