Борец од Велес после долги години конечно успеа да се пласира во првата македонска фудбалска лига.
Клубот од Велес оваа сезона ја освои Втората лига Исток. После влегувањето во првата лига Борец го промени името на стадионот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одлуката за промена на името на стадионот едногласно ја донесе Советот на Општината на последна седница.
Одлучено е стадионот да го носи името на преранот починатиот голман на овој клуб, Зоран Паунов кој е спортска велешка легенда.
„За прв пат во Велес одлучивме на најстариот спортски објект да му дадеме име на современик, заслужен за успесите на градскиот фудбал и промотор на градот како и на својот клуб Борец во државата. Стадионот ќе го носи името на Зоран Паунов“, изјавија од советот на Општината.