Дома Трансфер зона Готово: Јувентус купи стопер кој носи прекар „турскиот Видиќ“!

Готово: Јувентус купи стопер кој носи прекар „турскиот Видиќ“!

Јувентус си обезбедил засилување од 15 милиони евра!

Медиумите на Апенините пишуваат дека „старата дама“ си обезбедила засилување и нов член на италијанскиот шампион во наредните денови ќе стане Мерих Демирал (21).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој пристигнува од Сасуоло во трансфер вреден 15 милиони евра.

Младиот турски дефанзивец во зимскиот преоден рок го облече дресот на Сасуло од Алања. Пристигна на мала врата без големи очекувања. Во неговата татковина поради стилот на игра го споредувааа со Немања Видиќ, па Италијаните му дадоа прекар „турскиот Видиќ“.

Сасуоло тогаш го доведе на позајмица со право на откуп за седум милиони евра, а се покажа дека во трансферот е вмешан и Јувентус.
Имено, „страта дама“ му ветила на Сасуоло дека за двојно поголема цена ќе го откупи од нив Демирал во летото кое следи.

Демирал за само шест месеци ја воодушеви Италија. Стана стандарден член кај Сасуоло, остави одличен впечаток и клубот од „Реџо Емилија“ шест месеци подоцна ќе добие двојно поголема сума од неговата препродажба.

Демирал беше на мета и на Чоло Симеоне од Атлетико. Шпанскиот клуб наводно имал спремено понуда од 25 милиони евра за Турчинот, но Сасуоло веќе имал потпишано договор со Јувентус и се чекало дали црно-белите ќе одлучат да го доведат. Денес одлучија да го искористат и да го доведат за него да платат 15 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=TZVPserLCvQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…