Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус постигнал договор со ПСЖ за трансфер на Блас Матуиди и играчот денес ќе пристигне во Торино.
Матуиди утре треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и официјално ќе биде претставен како нов играч на „старата дама“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Бјанконерите“ беа во потрага по квалитетен играч за врска, па ако се лецитираше со многу имиња, на крајот изборот падна на Матуиди.
Францускиот репрезентативец доаѓа во Јувентус за сума од 20 милиони евра и ќе потпише 4-годишен договор со „старата дама“.
30-годишниот француски репрезентативец беше симбол на ПСЖ изминатите години и одигра 295 натпревари за „светците“ на кои постигна 33 гола.