Човекот кој и ја донесе европската титула на Португалија во 2016 година не е повеќе селектор на репрезентација.
Информацијата за заминување на Фернандо Сантош прво ја објавија португалските медиуми, а набрзо стигна и потврда од италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сантош отказот го добил денес откако во федерацијата заклучиле дека е време за промена.
Денес Сантош одржал состанок со првиот човек на федерацијата Фернандо Гомез и на тој состанок се донела одлука за прекинување на соработката.
Договорот на Сантош имаше важност до завршувањето на Европскот опрвенство во Германија 2024 година, сепа сега Португалците ќе бараат ново име.
Fernando Santos is no longer the head coach of Portugal. The decision has been made after World Cup. 🚨🇵🇹 #Qatar2022
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 15, 2022
Portugal will appoint new manager in the next weeks. pic.twitter.com/NI52gw9Aeh