Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Денис Саурез е на чекор од трансфер во Арсенал.
Последните преговори помеѓу двата клуба биле исклучително позитивни и „топџиите“ веруваат дека наскоро ќе го комплетираат трансферот. Тие го сакаат Суарез на позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер на лето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Од „Камп Ноу“ најпрво не сакаа да го пуштат играчот за врска на позајмица, но Суарез инсистира да ја промени средината во овој преоден рок.
Арсенал и дал гаранции на Барселона дека на лето ќе го откупи неговиот договор за 20 милиони евра, па двата клуба се блиску до комплетирање на зделката.
Во следните денови се очекува Суарез да пристигне на лекарски прегледи во Лондон.