Ѕвездата на Лил, Николас Пепе конечно го избра својот следен клуб и кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.
Пепе имаше понуди од четири клубови, меѓу кои најконкретни беа Наполи и Арсенал, па 24-годишниот напаѓач на крајот одлучи да се пресели на „Емирати“. Одлучувачки фактор беше што „топџиите“ му понудија 1 милион евра поголема плата од „наполитанците“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Арсенал за неговиот потпис ќе плати неверојатни 80 милиони евра, па Пепе ќе стане најскапиот играч во историјата на „топџиите“.
„Скај Спорт“ тврди дека договорени се сите детали, па играчот во следните два дена треба да пристигне во Лондон на лекарски прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор.
Пепе беше вистинска сензација минатата сезона во Лил и постигна 22 гола, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
#Arsenal, operazione Pépé in chiusura ??⬇https://t.co/nXr5zeguC2
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 29, 2019