Дома Фудбал Италија Готово: Манчини нов селектор на Италија

Готово: Манчини нов селектор на Италија

Роберто Манчини постигнал договор со Италијанската фудбалска федерација и наскоро ќе биде именуван за нов селектор на репрезентацијата, пренесуваат италијанските медиуми.

Според италијанските медиуми, 53-годишниот Манчини ќе потпише двегодишен договор, вреден осум милиони евра, а негова главна цел ќе биде пласман на Европското првенство во 2020 година.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Официјална промоција на новата функција ќе има по завршување на сезоната со Зенит од Санкт Петербург, а ќе дебитира на 28-ми мај во пријателскиот меч со Саудиска Арабија.

Пред работата во рускиот премиерлигаш, Манчини ги водеше екипите на Фиорентина, Лацио, во два мандата Интер, Манчестер сити и Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити израмни рекорд на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите

Mанчестер Сити вчера ја забележа првата победа сезонава во Лигата на шампионите и славеше …