Ja завршија работата, остана во границите на ФФП, сега практично можат се. Се очекува да пристигнат најмалку четири или пет играчи, трио мајстори би требало да остане непроменето…
ПСЖ на крајот на финансиската година успеаа да ги испочитуваат правилата на ФИФА. Практично во последниот ден од рокот го продадоа Јуриј Берчиче за 23 милиони евра и Иконе за пет со што е ставена точка и избегната дополнителна санкција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Берчиче замина во Билбао, Иконе во Лил, кога ќе се додат тука и трансферите на Пасторе во Рома, Едоардо во Селтик, Сабалија во Бордо и минатогодишната позајмици на Орие, Матуиди и Агустин доаѓаме до бројка од 153 милиони евра.
Тоа со други зборови значи дека успеаа да останат во границите и нема да добијат никаква казна.
Од кога веројатно завршија продажбите (барем немаат потреба) ќе тргнат по засилувањата.
Прво, тука е Буфон. Се очекува италијанската легенда во текот на неделата и да го официјализра својот трансфер. Потоа ќе се обидат да го убедат Бонучи од Милан, иако од Милан се огласија и порачаа дека столбот на одбраната не е на продажба.
Сега кога веќе немаат финансиски проблеми, можат и да тргнат по Сергеј Милинковиќ Савиќ, во овој момент нема преговори, а според информациите на француските медиуми, Тухел сака прво да се обезбеди во одбраната.
Освен Буфон од Јувентус би можел да стигне и бекот Алекс Сандро, наводно „старата дама“ би можела да прифати да го продаде за сума од 55 милиони евра, се споменува и Гереиро од Дортмунд.
Во секој случај, кој и да биде ,едно е јасно: Во Париз повторно ќе се работи со полна пареа!