Барселона наскоро ќе официјализира големо засилување.
Од Бразил на Камп Ноу пристигнува тинејџер за кој беа заинтересирани повеќе европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште од средината на минатата година почна многу да се зборува и пишува за името на Витор Роке, млад бразилски фудбалер од кого се очекуваат големи работи.
За него проговори и големиот Роналдо Назарио, а и самата бразилска легенда очекува големи работи од ова момче во иднина.
За неговите услуги беа заинтересирани многу европски гиганти, а на крајот Барселона победи во трката, а тоа го потврди и трансфер гуруто Фабрицио Романо.
Тој најави дека наскоро ќе се официјализира работата, а ги изнесе и деталите за трансферот на овој млад бразилски напаѓач.
Така Барселона за неговите услуги на Атлетико Паранаенсе ќе му плати 30 милиони евра, а бразилскиот клуб на крајот ќе добие идентична сума преку разни бонуси.
Планот е Роке да премине во Барселона во јануари 2024 година, а ќе потпише договор на цели седум години.
Треба да се додаде дека еден од бонусите се однесува на освојувањето на Златната топка. Тоа доволно говори за тоа каква кариера се подготвува за овој 18-годишник.
Во својата сениорска кариера досега на 30 настапи постигна 15 гола и имаше шест асистенции, а веќе дебитираше за А селекцијата на Бразил.
Vitor Roque, new Barça player 🔵🔴🇧🇷
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 8, 2023
◉ €30m fee plus €30m add-ons, part of these linked to Ballon d’Or.
◉ Both clubs signed the documents.
◉ Vitor Roque signing NOW in Curitiba until June 2030.
◉ Current plan is to join in January 2024.
◉ Official soon.
Here we go 🔒🐅 pic.twitter.com/uhvT1y43IR