Навивачите мислат дека знаат, но не се во право…
Селекторот на Панама, Хернан Дарио Гомез беше во центарот на вниманието на почетокот на второто полувреме на денешниот меч на Мундијалот кога му пријде на колегата на клупата на Англија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англичаните беа фуриозни во првиот дел и постигнаа дури пет погодоци против Панамците, а нивниот селектор на почетокот на вториот дел имаше што да му каже на Герет Саутгејт.
И, додека поголемиот дел навивачи мислеа дека Гомез му пријде на Саутгејт за да го замоли неговите фудбалерри да забават, се испостави дека не биле во право бидејќи вистината ја откри самиот Гомез.
„Му пријдов на Саутгејт за да му честитам на полувреме. Му реков дека навистина ми сер допаѓа неговиот тим“, порача Гомез кој кратко додаде: „Англија е навистина спектакуларна, прекрасен тим“.
За потсетиме, до крајот на средбата беа постигнати уште два погодоци, еден на страната на Англија, и еден на страната на Панама.