Денес пријателски натпревар во подготвителниот период одиграа Работнички и Македонија Ѓорче Петров.
Овој натпревар беше и деби за големото засилување на Работнички од Шкендија, Арменд Алими.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Работнички ја победи Македонија ЃП со 2-1 на првиот пријателски натпревар на зимските подготовки. Стрелци за Работнички тим беа токму Алими во 24.минута и Дин Аломеровиќ во 90.минута. Македонија ЃП поведе со голот на Мишевски во деветтата минута од мечот.
По овој натпревар Работнички оди на подготовки во Анталија на 20. јануари.