Дома Македонски спорт Големиот „Таско“: Благодарам Мети, овој пат можев да го поминам и многу порано (ВИДЕО)

Големиот „Таско“: Благодарам Мети, овој пат можев да го поминам и многу порано (ВИДЕО)

Атанас Костовски, легендарниот македонски коментатор кој со години ги следеше настапите на македонските спортисти и ги пренесуваше натпреварите на телевизиските екрани доби награда за животно дело од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

82 годишниот Костовски целиот свој работен век го мина во Македонската Радио Телевизија. Добивајќи го признанието на манифестацијата „Најдобри во македонскиот фудбал”, популарниот Таско истакна дека му е чест што добива награда за животно дело, а истовремено посака пласман на ЕП 2020 на Македонија. Искрено се заблагодари на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не добив ваква награда во времето на Иванов, Арнаудов, Хаџиристески и Ѓорѓиоски. Благодарам Мети. Никогаш не е доцна за награда. Ви посакувам македонска европска, 2020 година. Посакувам сите мои колеги од јавниот ТВ сервис и од комерцијалните телевизии да имаат таква можност каква што сум имал јас. Да известуваат и коментираат кога нашата репрезентација ќе биде на Европско првенство и тоа на македонски јазик. Тогаш коментаторите остануваат засекогаш запаметени.”, изјави Костовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…