Дома Фудбал Италија Големиот Буфон: Мојата цел е луѓето да бидат тажни кога ќе се пензионирам!

Големиот Буфон: Мојата цел е луѓето да бидат тажни кога ќе се пензионирам!

Шест натпревари со ред или поточно 621 минута без примен гол во Лигата на шампиони е новото големо остварување на неповторливиот Џанлуиџи Буфон.

Оваа сезона 10 натпревари во Лигата на шампиони од кои на 8 ја сочува својата мрежа и прими само два гола. Но, тоа не е се, легендарниот Џиџи вкупно има одиграно 100 натпревари во ЛШ и верувале или не дури на 60 успеал да ја сочува својата мрежа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според многумина најдобриот голман во историјата на фудбалот оваа година има шанса да го освои единствениот трофеј кој му недостасува, и вели дека неговата цел е луѓето да бидат тажни кога ќе се пензионира.

„На секој натпревар се обидувам да докажам дека заслужувам да играм на ова ниво, и покрај своите години. Секој ден работам на тој план. И кога ќе се пензионирам, сакам луѓето да бидат тажни поради тоа. Важно е да се биде подготвен кога сум му потребен на својот тим. Се додека тоа можам да го правам, се сметам себеси како задоволен и среќен“, истакна Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…