Кардиф сакаше да ги реши своите напаѓачки проблеми со доведувањето на Емилијано Сала од Нант, но судбината си поигра со Аргентинецот кој трагично исчезна на пат кон главниот град на Велс.
Животот е непредвидлив, па Кардиф на најтажен можен начин остана без планираното засилување и беше принуден да бара алтернатива. Британските медиуми пишуваат дека сега Кардиф го сака Патрик Шик, напаѓачот на Рома кој ќе сака да го доведе на позајмица дао крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кардиф за Шик наводно нуди два милиони евра со можност да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната за дополнителни 30 милиони. Се шпекулриа дека Кардиф, во случај да остане во Премиер лигата, ќе биде должен да и исплати на Рома три, наместо два милиони евра за позајмицата. Не е познато дали Рома ќе се согласи на оваа позајмица и ќе го испрати Шик во Премиер лигата, но јасно е дека на Кардиф му е потребен напаѓач, а времето за трансфери полека истекува.
Патрик Шик оваа сезона одигра 14 натпревари во Серија А и потигна два гола.