Дома Фудбал Големата желба на Меси се исполни. Уште една ѕвезда пристигнува во Интер Мајами

Големата желба на Меси се исполни. Уште една ѕвезда пристигнува во Интер Мајами

ЛУИС СУАРЕЗ (36) наскоро ќе потпише за Интер Мајами, објави денеска ЕСПН.

Уругвајскиот напаѓач на тој начин повторно ќе игра во истиот клуб со Лионел Меси (36), човекот со кој долги години успешно ја делеше соблекувалната во Барселона и освои се што можеше да се освои.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Суарез моментално настапува за бразилски Гремио, а тренерот на тој тим Ренато Гаучо потврди дека Суарез ќе го напушти клубот во декември, на крајот од сезоната во Бразил.

И покрај тоа што е само половина од двегодишниот договор што го потпиша по пристигнувањето во Бразил, тој ќе се пресели во Мајами.

Покрај Меси, таму го чекаат поранешните соиграчи Жорди Алба (34) и Серхио Бускетс (35), а на клупата е и Мартино, човекот кој го тренираше во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе не тренира денови пред реваншот против Баерн

Килијан Мбапе не тренираше со Реал Мадрид денеска поради последиците од ударот кој го доби…