Дома Фудбал Лига на шампиони Голем удар за „кралевите“ пред мечот со Баерн во ЛШ!

Голем удар за „кралевите“ пред мечот со Баерн во ЛШ!

Мадридски Реал се соочува со сериозни проблеми во пресрет на гостувањето во Минхен кај Баерн, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Против германскиот шампион Реал ќе игра без португалскиот дефанзивец Пепе.

Четвртфиналните натпревари против Баерн се едни од најважните сезонава за Реал, а барем за првиот меч во Минхен, Зинедин Зидан, нема да може да смета на двајца дефанзивци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рафаел Варан е надвор од тимот веќе две недели и уште од претходно беше познато дека тој нема да игра на првиот меч, но главоболки на Зидан му донесе повредата на Пепе во градското дерби со Атлетико.

Португалскиот дефанзивец во 52.минута го постигна голот за Реал, а во 11 минути подоцна по дуелот со соиграчот Тони Крос тој ја напушти играта.

„Лекарските прегледи кои му беа извршени дијагностицираа дека тој има двојна фрактура на ребрата. Пепе има скршеница на седмото и осмото ребро“, се вели во соопштението на Реал.

Повредата на Пепе значи дека во последната линија покрај капитенот Серхио Рамос ќе игра Начо.

Инаку, Пепе, во Реал е една деценија, а тој најави дека по завршувањето на сезоната ќе замине во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…