Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане се повреди на мечот против Евертон во саботата, а после деталните медицински прегледи ситуацијата не е баш добра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мане беше одличен во градското дерби, постигна гол во 8-та минута, но мораше да го напушти теренот на почетокот на второто полувреме после еден дуел со Лејтон Бејнс.
Иако после мечот првично беше најавено дека Сенегалецот нема сериозна повреда и дека нема долго да отсуствува, сепак ситуацијата не е толку оптимистичка па фудбалерот би можел да паузира неколку недели.
Ова ќе биде голем удар за тренерот Јирген Клоп, но за среќа на „црвените“ не станува збор за кинење на вкрстените лигаменти на коленото.