Дома Македонски спорт Голем пад на Калин на АТП листата

Голем пад на Калин на АТП листата

Македонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски засега не успева да влезе помеѓу најдобрите 300 тенисери во светот, а од овој понеделеник бележи пад за 21 позиција.

Пред 20 дена Калин дојде на 305. позиција што е неговиот најдобар ранкинг во кариерата, но сега забележа пад од 21 позиција со што е 326. тенисер во светот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Изминатата недела Калин имаше настап во квалификациите за челинџер турнирот во Бергамо каде што стигна до финалниот меч и само една пречка го делеше од главниот турнир.

Со оглед на неговиот потенцијал и тоа што има само 19 години, сигурно дека во иднина можеме да очекуваме многу повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…