Интер денес на „Реџо Емилија“ го совлада Сасуоло во натпревар со седум гола (4:3).
Доколку не беше оној пораз од Јувентус пред репрезентативната пауза Интер ќе имаше почеток од соништата, но навивачите секако се задоволни и од ова.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ имаат важен натпревар во Лигата на шампионите против Борусија, но тоа не ги спречи против Сасуоло да одиграа добар натпревар. Интер играше одлично се до 70-тата минута кога водеа со 4:1, а потоа следуваше еден пад во играта.
Посебно расположен беше офанзивниот дел на тимот. Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола. По еден од игра и еден од пенал.
Головите за домаќините ги постигнаа Берарди 16-тата, Ѓуричиќ во 74-тата и Бога во 81-та.
Интер има седум победи и пораз после осум кола и со 21 бод е веднаш зад Јувентус кој има 22 бода.