Дома Фудбал Англија Голеада на „Олд Трафорд“: Јунајтед го елиминира Ливерпул🎥

Голеада на „Олд Трафорд“: Јунајтед го елиминира Ливерпул🎥

Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа фантастичен меч со пет гола во ФА Купот, а на крајот „црвените ѓаволи“ се пласираа во следната фаза.

Ливерпул подобро го отвори мечот и поведе во 18-та минута, откако Салах погоди после одличната асистенција на Фирмињо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, домаќините брзо се братија во игра и десетина минути подоцна Гринвут погоди за 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Рашфорд ја искористи големата грешка на одбраната и погоди за 2:1, но „црвените“ повторно успеаа да се вратат со голот на Салах.

Конечните 3:2 ги постави Фернандеш со прекрасен гол од слободен удар и го однесе Јунајтед во осминафиналето од ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо со невозможен погодок: Како Португалецот стигна до гол на филмски начин (Видео)

Кристијано Роналдо продолжува да го збогатува своето патување кон легендарната бројка од 1…