Дома Трансфер зона Голгетерот од Лил пристигна на преговори во Неапол

Голгетерот од Лил пристигна на преговори во Неапол

Раководството на Наполи е силно заинтересирано за голгетерот на Лил, Виктор Осимен.

21-годишниот Нигериец игра фантастилно оваа сезона во дресот на Лил, па го привлече вниманието на клубовите ширум Европа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Осимен оваа сезона на 38 меча постигна 18 гола и запиша 6 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот денес заедно со својот агент пристигнал во Неапол на преговори со раководството.

Наполи пак летово ќе се раздели со Милик и веќе ја започна потрагата по нов напаѓач, а прва желба е токму Осимен.

Се очекува Осимен денес да постигне комплетен договор со Наполи, а потоа останува двата клуба да ја договорат отштетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…