Борусија Дортмунд испрати јасна порака на сите потенцијални купувачи: Кристиан Пулишиќ не е на продажба за сума помала од 100 милиони евра!
Со оглед на играта на 19-годишниот репрезентативец на САД и цените на пазарот во последните неколку години, не е чудо што во германскиот клуб бараат толкава астрономска сума за овој играч.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Но, она што ги изненади сите е коментарот на младиот играч кој без резерви призна дека неговата голема желба е да игра во Премиер лигата и дека од мали нозе навива за Манчестер Јунајтед.
„Да, вистина е, од детството сум голем навивач на Јунајтед. Среќен сум кога ќе слушнам дека на Олд Трафорд се заинтересирани за мене, но, секако, сега сум фокусиран само на Борусија“, изјави Пулишиќ за чии услуги се заинтересирани и Баерн и Ливерпул.