Фелипе Кутињо на почетокот на 2018 година пристигна во Барселона од Ливерпул како големо засилување.
Каталонците за неговите услуги издвоија дури 160 милиони евра, но тој баш и не се прослави на „Камп Ноу“. Минатото лето Барселона одлучи да го испрати на позајмица. Тоа што прерано го отпишаа најтешко им падна вчера кога Кутињо постигна два гола во еден од најтешките порази на Барселона во историјата.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Баерн ги декласираше со 8:2, дело на Кутињо беа последните два гола.
И сега за на Каталонците да им биде уште потешко ќе мораат да платат пет милиони евра на Ливерпул ако Кутињо со Баерн ја освои Лигата на шампионите. Таква клазула има во договорот помеѓу „црвените“ и Каталонците.
Иако Кутињо не би ја освоил ЛШ со Барселона, тој под договор е играч со Барселона, па затоа би се активирала и клазулата.