Легендарниот италијански напаѓач Фернандо Торес (34) неодамна најави заминување од Атлетико на крајот од сезоната.
„Ел Нињо“ се одлучи и по втор пат да се прости од Атлетико, а кариерата според сегашната ситуација најверојатно ќе ја продолжи во американската МЛС лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку американски клубови покажаа интерес за Торес, но овој момент најголем фаворит за неговиот потпис е екипата на Чикаго Фајр.
Овој клуб ќе се обиде да го искористи пријателството помеѓу тренерот на тимот Велјко Пауновиќ и Торес кои беа соиграчи во тимот од Мадрид. Во овој момент единствен проблем е платата на Шпанецот.
Торес бара четири милиони долари по сезона, додека Чикаго му нуди два и засега тоа е „кочницата“ во преговорите.
Доколку сепак дојде до договор Торес во американскиот клуб ќе му се придружи на поранешниот германски репрезентативец, Бастијан Швајнштајгер кој веќе втора сезона го носи дресот на овој клуб.