Македонија вчера претрпе тежок пораз од репрезентацијата Чешка 24:25 иако во еден момент од натпреварот имавме и пет голови предност.
Ова беше најважниот натпревар за нашата селекција, може да се каже дека беше „финале“ со оглед на тоа што денес играме против Данците на кои овој натпревар не им значи. Но и покрај поразот и без разлика како ќе заврши натпреварот против Данска ракометарите и сите во федерацијата заслужуваат голема почит бидејќи повторно беа одлични амбасадори на нашата земја.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа не го кажуваме ние, туку фактите.
Прво, Македонија од 2012 година е редовен учесник на Европските првенства. Во 2012 на Европското првенство во Србија Македонија заврши на високото пето место, а Кире Лазаров на ова првенство беше и најдобар стрелец на турнирот.
Две години подоцна следуваше Европското во Данска на кое се пласиравме на десетата позиција, за во 2016 во Полска да завршиме едно место подоле. Покрај одличните настапи на Европските првенста, ракометарите беа успешни и на светските.
Во 2015 година на Светското првенство во Катар Македонија успеа да се избори за одличното девето место, а две години претходно во Шпанија завршивме како 14 во светот, додека во Хрватска во 2009 турнир кој означи почеток на една успешна ера ја освоивме деветата позиција.
Колку се големи и значајни сите овие успеси и пласмани на Македонија говори и податокот дека пред Светското првенство во Хрватска во 2009 година, последениот голем турнир на кој се натпреварувавме беше на Светското првенство во 1999 година.
Овие резултати никако не можат да бидат случајност станува збор за одличната работа на сите во Ракометната федерација.
Без разлика на која позиција ќе го завршиме овој голем турнир мораме да биде горди на се што прикажаа нашите момци, сетете се само како ги величевме после ремито против актуелниот Европски шампион, па заслужуваат ли тие момци некакви навреди, сигурно дека тие и повеќе од нас ја посакуваа победата против Чешка.
Манасков промаши пенал во последните секунди, но истиот тој Манасков изведе и пожртвуван скок со кој успеа на фантастичен начин да погоди…Како да го критикуваме и Велковски кој на само 20 години доби голема одговрност и товар на себе, а тоа е да го замени капитенот Кире Лазаров, па и Миркуловски после вчерашниот натпревар напомена дека Македонија пронајде наследник и замена за Кире…
Ќе потенцираме уште еднаш, како и да заврши ова Европско првенство овие момци заслужуваат голема почит и респект бидејќи повторно ја претставија Македонија во најдобро светло.
За крај, овие успеси и одличната работа на РФМ нека бидат само мотив и пример за идните и сегашните генерации како треба да се работи, но и не само во овој спорт. На Ракометната федерација можат да и позавидат и останатите федерации во Македонија на успесите кои ги постигнува.
И секако, овој текст не би бил комплетен ако не ги споменеме македонските „воини“!
БОРКО РИСТОВСКИ, НИКОЛА МИТРЕВСКИ, ЗЛАТКО ДАСКАЛОСКИ КИРИЛ ЛАЗАРОВ, ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ, ФИЛИП ТАЛЕСКИ, ФИЛИП ЛАЗАРОВ, НЕМАЊА ПРИБАК, МАРТИН ВЕЛКОВСКИ, ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ, ДЕЈАН МАНАСКОВ, ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ, МАРИН ПОПОВСКИ, ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ, СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ, ЖАРКО ПЕШЕВСКИ, НИКОЛА МАРКОСКИ АЦО ЈОНОСКИ, ВЕЛКО МАРКОСКИ И „ЕЛ КОМАНДАНТЕ“!
ГЛАВИТЕ ГОРЕ МОМЦИ МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА НА ВАС!
Sportski.mk – Gol na prvenstvoto
Атракции во „Загреб Арената“, фантастичен цепелин на Гоце и Кире!https://sportski.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1-%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%84/
Posted by Sportski.mk on Mittwoch, 17. Januar 2018