Марк Андер тер Штеген неоправдано остана во сенка на Лео Меси после величенствената победа на Барса на „Сантиаго Бернабеу“ од 2:3.
Нормално, сите заслуги одат на сметка на Меси, но ако германскиот голман во шест наврати не го одбранете голот на Каталонците, денес немаше да пишувавме, читаме и говориме за големата победа на Барса, туку како Реал со победа го „дотолчи“ најголемиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Статистиката е неверојатна за 24-годишниот голман чии три години во Барселона ги одбележаа поврди, ротации со Браво и неколку киксови оваа сезона. Откако се промовираше во прв голман на Барса, како и целиот тим доживеа пад на формата, а посебно на удар беше после поразите од Селта и Јувентус.
Сепак, немаше подобро место и време за повторно да блесне на голот на Каталонците. Дури 12-те одбрни кои ги имаше на Ел Класико е најмногу што еден голман на Барса ги имал во еден меч уште од сезоната 2003/04, кога на голот беше Виктор Валдес.
Со овие 12 одбрани, до кои дојде запирајќи ги шутевите од сите оддалечености, Тер Штеген го сруши сопствениот рекорд по бројот на одбрани на еден натпревар во шпанското првенство.
Marc-André ter Stegen's 12 saves against Real Madrid is the most he's ever made in a #LaLiga game for Barcelona. pic.twitter.com/lyEDODgHnV
— Squawka Football (@Squawka) April 23, 2017
Да се потсетиме на сите одбрани на Тер Штеген на синоќешното Ел Класико