Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ги гледал Пеле и Марадона: За овој човек Муднијалот во Катар е 17-ти во низа!

Ги гледал Пеле и Марадона: За овој човек Муднијалот во Катар е 17-ти во низа!

Енрике Макаја Маркез е човекот кој испиша историја на Мундијалот во Доха – ова му е 17-ти Mундијал во низа!

Станува збор за легендарниот аргентински новинар кој го прослави својот 88 роденден додека го коментираше првиот натпревар на „Гаучосите“ на Светското првенство.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првото Светско првенство го работеше во 1958 година, кога на 23-годишна возраст отпатува од Аргентина до Шведска – прво со авион кој застанувал неколку пати за да наполни гориво, потоа со воз и автобус и на крајот со брод до Шведска.

„Ви треба знаење, но исто така треба да знаете како да го пренесете тоа знаење. Мора да се справите со технологијата, но и да ја знаете играта и правилно да ја интерпретирате. Не е лесно, човек мора постојано да учи да комуницира со другите“, го објаснува својот рецепт Маркез.

Израснал во истото соседство со легендарниот Алфредо ди Стефано, на 15 години почнал да работи на радио, а моментот кога требало да замени колега кој бил болен се покажал како историски.

Иако неговото прво Светско првенство беше неуспешно за Аргентина, тој присуствуваше на двете титули на Светските првенства на „Гаучосите“ (1978 и 1986 година), следејќи ја кариерата на Диего Армандо Марадона во целост, и виде многу други легендарни тимови, вклучувајќи го и Бразил во 1970 година. Негов омилен тим сепак е Холандија од 1974 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Аморим ќе избрка три ѕвезди од Јунајтед – познати се нивните имиња!

Според медиумите, тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нема милост и ќе избрка тр…