Денес прес-конференција во „СЦ Борис Трајковски“ одржаа селекторот Тодоров и раководството на федерација.
Тодор Гечевски посочи дека се уште иднината на селекторот Тодоров не е сигурна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Договорот на Тодоров беше врзан со пласман на Европското првенство, на кое за жал не се пласиравме. Сепак, го чекаме извештајот од селекторот кој треба да стигне наскоро. Потоа ќе има состанок на раководството и заедно ќе одлучиме дали договорот ќе биде продолжен“, изјави Гечевски.
Се шпекулираше и за можна оставка на претседателот Перо Антиќ меѓутоа тој јасно кажа дека тоа нема да се случи.
„Ние како федерација ги овозможивме сите услови, направивме се што е во нашите можности. Останатото е на играчите и селекторот, не можеме ние да влеземе и да играме на терен“, порача Антиќ,