Нико Ковач на крајот на оваа сезона ќе седне на клупата на Баерн Минхен каде што ќе го наследи Јуп Хејнкес.
Ковач во Баерн ќе заработува и значително поголема сума. Актуелниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт добива 1.5 милиони евра годишно. Германските медиуми пренесуваат дека со преминувањето во Баерн неговата плата ќе биде повеќекратно зголемена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ковач во новиот клуб ќе заработува помеѓу пет и шест милиони евра годишно.
Секако, тој износ и понатаму е многу помал од она што годобиваа неговите претходници Гвардиола (17 милиони евра) или Анчелоти (12 милиони евра).
Хрватот со договорот на Баерн се приближи до најплатените тренери во светот.
На врвот е Гвардиола со 20 милиони евра годишно, следи Мурињо со 14, Венгер со 10, Зидан 9, Клоп 8.5…