Дома Фудбал Германија Германски клуб продаде 72.000 билети за меч без публика

Германски клуб продаде 72.000 билети за меч без публика

Германскиот третолигаш Динамо Дрезден продаде дури 72.112 влезници за натпреварот од второто коло во Германскиот Куп против Дармштад, кој се игра без публика поради пандемијата.

Навивачите на германскиот третолигаш од Дрезден на тој начин сакаа финансиски да му помогнат на својот миленик.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Идејата беше на самиот клуб кој пушти карти во онлајн-продажба по цена од 5 евра, а не стави ограничување колку може да се продадат со оглед на тоа дека се игра без публика, па нема ни штета од повеќе продадени карти од капацитетот на стадионот „Рудолф Харбиг“.

Динамо објави дека продале дупло повеќе влезници од капацитетот на стадионот, заработиле 350.000 евра, кои ќе му помогнат на клубот да функционира во услови на пандемија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…