Дома Фудбал Германска дисциплина: Флик одбил едно барање на фудбалерите на Барселона

Германска дисциплина: Флик одбил едно барање на фудбалерите на Барселона

Фудбалерите на Барселона викендов во Мадрид го декласираа Реал со 4:0 во „Ел Класико“, а пред пет дена беа подобри од Баерн на домашен терен со 4:1 во Лигата на шампионите.

Така Барселона има фантастична недела, но германскиот тренер, Ханси Флик не сака да препушти ништо на случајноста и строго се држи до германската дисциплина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што пренесува „АС“, фудбалерите на Барселона побарале од германскиот стратег три поврзани слободни денови, но Флик го игнорирал нивното барање.

Фудбалерите се обиделе по двете големи победи да добијат барем еден дополнителен ден за опоравување, меѓутоа Флик цврсто останал на својот став.

Фудбалерите на Барселона ќе мора да тренираат во среда и тогаш да ги започнат подготовките за неделното градско дерби со Еспањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…